Connect with us

Фудбал

Поради Јувентус правеше тетоважи на своето тело, а утре ќе им биде најголем непријател

Утре на програмата е Дербито на Италија. Интер го пречекува Јувентус со почеток во 20:45 часот. Во центарот на вниманието е Артуро Видал. Тој на почетокот на оваа сезона дојде во Интер од Барселона. Претходно играше и за Јувентус. Токму поради овој тим Чилеанецот има тетоважа на своето тело, поточно на раката.

Со Јувентус Видал освои четири титули, а на десната рака има две ѕвезди кои ги симболизираат тилуте во 2012-та и 2013-та. Сепак, утре во дресот на Интер веројатно ќе биде еден од најангажираните на теренот.