Connect with us

Кошарка

Поради коронавирусот, еден од натпреварите во АБА-лигата ќе се игра пред празни трибини

Дури и АБА-лигата не остава ништо на случајноста поради епидемијата на коронавирусот, така што еден натпревар од 20. коло ќе се игра пред празни трибини.

Лидерите на лигата соопштија дека мечот меѓу Приморска и Цибона во Копер ќе се игра пред празни трибини.

„Бидејќи во регионот се потврдени првите случаи на инфекција со коронавирус, и во согласност со препораките на надлежните министерства, АБА-лигата ги извести сите клубови учесници за чекорите што треба да се преземат по ова прашање“, велат организаторите на натпреварот.

Во АБА-лигата потенцираа дека во сегашната ситуација, клучно е високо ниво на свесност, комуникација и координирана работа. Сите клубови и поддржувачи беа поканети да одговорат во согласност со препораките на Светската здравствена организација.

„АБА-лигата внимателно ќе ги следи случувањата во овој поглед и во договор со клубовите ќе преземе понатамошни чекори“, се заклучува во соопштението.