Connect with us

Фудбал

Поради коронавирусот: Тотенхем – Рен е одложено

Средбата од последното коло во Лигата на конференциите меѓу Тотенхем и Рен е одложена. Натпреварот требаше да се игра денеска (9.12) во 22:00 часот во Лондон, но домаќините најавија 13 инфекции со коронавирус во своите редови.

Менаџерот на „мамузите“ Антонио Конте објави дека се работи за 8 играчи и 5 од персоналот. Тие се веќе ставени во карантин, а базата на тимот е затворена и дезинфицирана.

Можеме да потврдиме дека нашиот домашен натпревар од групата Г на Конференциската Лига Европа на УЕФА против Стад Рен нема да се одржи утре по голем број позитивни случаи на КОВИД-19 во клубот.

Се очекува УЕФА да соопшти кога ќе се игра натпреварот.

„Не е јасно што се случува. Секој ден имаме се повеќе и повеќе заразени. Ситуацијата не е добра, навистина е страшна“, изјави Конте пред да стане јасно дека Тотенхем денеска нема да игра против Рен.

Сепак, францускиот тим не беше задоволен од одлуката на УЕФА и го задржа правото на жалба.

„Недостатокот на фер-плеј е очигледен. Тотенхем попладнево преку мејл ни потврди дека ќе има натпревар. Бевме информирани за откажувањето откако Рен слета во Лондон“, соопштија од францускиот клуб.

Следниот чекор на Тотенхем е да се сврти кон Премиер лигата за да може да ги одложи натпреварите во локалниот шампионат. Спарс треба да играат против Брајтон во недела (12-ти декември) и Лестер на 16-ти декември.

Од клубот не соопштија кои се заразените играчи и дали биле вакцинирани.

Во Лигата на конференциите на првото место во групата на „Тотенхем“ е „Рен“ со 11 бодови. Спарс имаат 7 колку Витс, а Мура 3.