Connect with us

Фудбал

Поради Манџукиќ, Милан испрати напаѓач во Серие Б

Марио Манџукиќ е засилувањето на Милан во нападот. Искусниот Хрват треба да им помогне на „Росонерите“ во трката за титулата, но секако и во Лига Европа. Токму поради доаѓањето на Манџукиќ, младиот 18-годишен напаѓач Лоренцо Коломбо е вишок. Поради тоа тој е испратен на позајмица во Кремонезе во Серие Б.

Коломбо одигра четири меча во Серие А, а на пет настапи во Лига Европа оваа сезона.