Фудбал
Поради обложување Трипиер е суспендирана на 10 недели од сите натпреварувања
Десниот бек на Атлетико Мадрид и репрезентативецот на Англија, Киран Трипиер е суспендиран на 10 недели од сите фудбалски натпреварувања
Англиската фудбалска асоцијација (ФА) го суспендираше за кршење на правилата за спортско обложување. Трипиер негираше седум такви обвинувања, но четири беа докажани на сослушувањето на кое присуствуваше и самиот играч. Трипиер исто така беше казнет со 77.000 евра.
Тој го прекрши правилото за спортско обложување во јули 2019 година кога се пресели од Тотенхем во Атлетико Мадрид за 22 милиони евра. Тој ќе пропушти 12 натпревари за Атлетико Мадрид поради кршење на правилата на ФА, а меѓу нив ќе биде и домашниот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Челзи на 23 февруари. Трипие ќе има право да настапи на возвратниот натпревар на 7 март на Стемфорд Бриџ.
Суспензијата на Трипиер е можност за Хрватот Шиме Врсаљко, кој се врати на теренот минатата недела по долгогодишна пауза поради повреда на коленото. Тој постигна гол за конечни 3:0 на мечот од Купот против нисколигашот Кардасар. На натпреварите од лигата за викендот и преку недела против Елче и Реал Сосиедад, хрватскиот репрезентативец седна на клупата, а сега ќе биде принуден да игра многу игри за кратко време.
Атлетико следно ќе биде на теренот на 30 декември против Гетафе на домашен терен во рамките од 16. коло.