Фудбал
Поради Русија и Амбрамович нов голем удар за Челзи, овој пат од Европската унија и УЕФА
По победата од 2:0 во Лондон, Челзи синоќа во Франција беше подобар од Лил со 1:2 и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Таму им се приклучи на Ливерпул, Манчестер Сити, Баерн, Реал Мадрид, Бенфика и Атлетико Мадрид кои претходно изборија пласман, а синоќа мина Виљареал.
Познато е дека актуелниот европски и светски шампион има многу проблеми, со оглед на тоа што сега е замрзната сопственостa на Роман Абрамоч, на кого Велика Британија му воведе санкции по руската агресија врз Украина, но на проблемите им нема крај.
Сега се воведени санкции од Европската унија, по што УЕФА одлучи да ги следи, па Челзи нема да ја има поддршката од своите навивачи во продолжението на натпреварувањето бидејќи забраната за продажба на билети е финансиска придобивка за Роман Абрамович.
„УЕФА е целосно посветена на спроведувањето на санкциите на Европската унија и сите меѓународни санкции. Разбираме дека во овој момент лиценцата на Владата на ОК му дозволува на Челзи да продолжи со минимум фудбалски активности се додека не му обезбедува финансиски придобивки на г-дин Абрамович. „Се вели во соопштението на УЕФА, а во него се уште се вели:
„УЕФА ќе продолжи тесно да работи заедно и да ги поддржува играчите, персоналот и навивачите на Челзи во овие тешки моменти за да им овозможи да ги бранат боите на својот клуб на теренот“.
Да потсетиме, ждрепката за четвртфиналето во Лигата на шампионите е закажана за утре во 12 часот во Нион, Швајцарија.