Тајмаут
Поради с*кс скандалот со малолетничка, НБА ѕвездата губи 40 милиони долари, може да загуби се!?
Австралискиот кошаркар Џош Гиди моментално е под истрага на НБА бидејќи на социјалните мрежи се појавија негови разголени фотографии со малолетна девојка, со која наводно бил во врска. Гиди и неговата Оклахома засега молчат на оваа тема, а дали бил виновен или не во споменатиот случај – тоа веќе може да има сериозни финансиски последици, пренесува познатиот американски портал „Њу Јорк пост“.
Наводно, Гиди би можел да загуби 40 милиони долари од спонзорскиот договор што го има со компанијата „Вит-Бикс“, а веќе е избришан од нивните профили на социјалните мрежи.
„Свесни сме дека Џош Гиди е следен и чекаме потврдени факти. Во контакт сме со неговиот тим“, изјави портпаролот на споменатата компанија.
Според претходно потпишаниот договор, НБА ѕвездата заработува 10 милиони евра во следните четири години од австралиската компанија, а претпоставката е дека се осигурале во случај на скандал и дека многу лесно би можеле да се „извлечат“ од соработка со него. Во моментов се стои и нема конечна одлука за Австралиецот, а се треба да се реши во наредните недели кога НБА лигата ќе ја заврши истрагата, додека нема да биде ни изненадување доколку ги вклучи истражните органи. Гиди е во НБА од 2021 година, откако беше избран за шести пик на драфтот. Пред Оклахома играше за Аделаида и сезонава има просек од 12,1 поен, 5,8 скока и 4,8 асистенции. Тоа се генерално пониски просеци од лани, па се верува дека целиот случај го погодил.