Фудбал
Поради смртта на бебето, Роналдо вечерва не игра против Ливерпул
Кристијано Роналдо нема да биде во составот на Манчестер Јунајтед за вечерашната пресметка со Ливерпул. Причина е смртта на неговиот син, односно бебе. Самата информација ја соопшти Роналдо вчера преку социјалните мрежи.
Роналдо и Георгина очекувале близнаци, а машкото бебе починало, додека женското преживеало.
„Со големо жалење мораме да објавиме дека нашето момче почина. Тоа е најголемата болка што еден родител може да ја почувствува. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да живееме во овој момент со малку надеж и среќа. Би сакале да им се заблагодариме на докторите и на медицинските сестри за нивниот професионализам и грижа. Скршени сме од болка по оваа загуба и ве замолуваме за приватност во овие тешки моменти. Наше мало момченце, ти си нашиот ангел. Секогаш ќе те сакаме“, стои во објавата на Роналдо на социјалните мрежи.