Тајмаут
Поранешен бразилски репрезентативец отишол на концерт со мажена жена, бил киднапиран и претепан од нејзиниот маж (ВИДЕО)
Поранешниот бразилски репрезентативец Марселињо Кариока стана жртва на киднапирање, а според О Глобо тоа се случило откако отишол на концерт со мажена жена.
Следниот детал кој се знае е дека полицијата го пронашла неговиот напуштен автомобил и уапсила две лица, по што објавил видео порака каде се гледа дека е брутално претепан.
„Таис ми е пријателка три години. Отидов на настапот на Тиагуињо во саботата и ја оставив околу 0:40 часот наутро од арената Нео Кимика, враќајќи се дома, живеам во Аруха“, изјави Марселињо и додаде:
„Имаше забава на улицата под нејзината куќа и додека разговаравме таму пристигнаа три лица, а потоа добив удар во главата и после тоа веќе не видов ништо. Кога влегов во автомобилот не видов веќе било што.
Марселињо последователно беше ослободен од киднаперите откако за него беше платена одредена сума пари, а Бразилецот подоцна истакна дека бил киднапиран од сопругот на жената со која бил претходната недела.
Инаку, Марселињо кариерата ја започна во Фламенго, играше и за Коринтијанс, Валенсија, Сантос, Гамба Осака, Васко де Гама, Ал Наср, Ајачио, Бразилиенсе и Санто Андре.
За бразилската репрезентација играше од 1994 до 2001 година и забележа четири настапи со два постигнати гола.