Тајмаут
Поранешен фудбалер е осуден на 11 години затвор за шверц на кокаин во САД
Поранешниот фудбалер на Саутемптон, Портсмут и Реал Сосиедад, Џон Виафара, е осуден на 11 години затвор за шверц на кокаин во САД.
Колумбискиот фудбалер ја призна вината за шверц на дрога во САД во ноември минатата година, а за тоа користеше чамци и мали авиони.
Истрагата против него траеше три години, а тој беше уапсен минатата година и екстрадиран во САД, каде што се појави на суд.
Денеска доби и казна. Тој беше осуден на 11 години затвор во Тексас и ќе биде слободен човек по 10 години.
Виафара во кариерата имаше забележителни настапи во англиските тимови Саутемптон и Портсмут, а играше во Шпанија за Реал Сосиедад.
Тој одигра 34 натпревари за репрезентацијата на Колумбија.