Тајмаут
Поранешен фудбалер на Арсенал: Би сакал да се вратам и да снимам по*но филм со 20 жени, но немам пари за карта
Некогашниот фудбалер на Арсенал, Емануел Фримпонг (29) ја заврши кариерата во 2019-та година поради бројни повреди. Играчот за врска од Гана не играше премногу во тимот од Лондон, но не се изнаигра ниту во клубовите во кои игаше потоа. Најмногу играше за екипата УФА од Русија. Таму помина две сезони, а очигледно дека тамошните девојки му оставиле голем впечаток.
Во разговор за руските медиуми изјавил дека би сакал да се врати во Русија и да сними порно филм со 20 жени.
-Би сакал да станам порно ѕвезда. Би се вратил во УФА и би снимил порно филм со 20 жени. Ми се допаѓаат многу, но немам пари за карта, изјави Фримпонг.
Зборуваше и за руските фудбалери и фудбалот.
-Многу се трча. Руските фудбалери секогаш се во форма. Наутро пијат водка, а потоа трчаат како Усеин Болд, вели тој.
Покрај Арсенал и УФА, тој играл уште за Барнсли, Вулверхемптон и Фулам, како и за неколку нисколигашки тимови.