Connect with us

Тајмаут

Поранешен фудбалер на Арсенал за допингот , жените и парите

Поранешниот руски фудбалер, кој најдоброто време го имаше во Арсенал, Андреј Аршавин, последниот меч го одигра во 2018-та година. Сепага, за руските медиуми зборуваше за светот на спортот и фудбалот.

Зборуваше за допингот, жените, парите и политиката во фудбалот.

-Јас мислам дека жените и мажите се тотално различни. Ако имав можност би забралин на жените да возат автомобили, би им ги земал возачките. Би го направил тоа без да размислувам, вели Аршавимн.

Тој своевремено беше во центарот на вниманието на медиумите заради прекумерна употреба на алкохол и бурен ноќен живот. Беше забележан како под рака во еден ноќен клуб носи две девојки. На социјалните мрежи има и скандалозно видео со рускиот модел Олга Семенова.

-Жените треба да се високи, стегнати и со мал задник. Градите не ме интересираат. Не ме интересира ниту фризурата. Важен е стилот и облеката.

Тој воедно вели дека во сите индивидуални спортови има допинг.

-Според мое мислење во сите индивидуални спортови ина допинг. Едноставно е, не можете без допинг, вели тој.

Во неговата кариера играл за Зенит, Арсенал, Краснодар и Каират.