Connect with us

Фудбал

Поранешен фудбалер на Интер доживеа тотален слом: Не ми даваат да влезам во куќата која ја купив со мои пари (ВИДЕО)

Познатиот колумбиски фудбалер Фреди Гуарин пред неколку дена објави видео кое ги загрижи неговите пријатели. Гуарин во алкохолизирана состојба објави видео на кое вели дека неговата сегашна девојка Полет Пастрана не му дозволува да влезе во куќата.


-Само сакам да кажам дека сум тука и дека четири-пет пати не ми дозволија да влезам во куќата што ја купив со свои пари“, изјави меѓу другото поранешниот фудбалер на Интер.

„Снимете го ова видео затоа што не знам што ќе се случи во мојот живот утре. Како што реков претходно, уморен сум од луѓето да ги искористуваат моите слабости“, додаде тој, објавувајќи уште еден видео прилог во кој бара некого да му ги донесе личните работи од дома.

За жал, златниот репрезентативец на Колумбија на лош начин ја заврши кариерата и не можеше да ги надмине проблемите кои го мачеа претходно. Да потсетиме, Гуарин се пензионираше на неочекуван начин откако беше стандарден играч во колумбиската репрезентација и Интер. Почна да носи одлуки кои го оддалечуваа од врвниот фудбал, па во 2016 година реши да замине во Кина и да се приклучи на тимот на Шангај Шенхуа, каде беше еден од најплатените фудбалери, но го загуби местото во колумбиската репрезентација.