Поранешeн македонски и сегашен албански репрезентативец, потпиша за Жилина

Фудбалерот Бесир Демири потпиша за словачкиот тим Жилина. Договорот е на три години, а во трансферот помогна и менаџерот од Македонија, Шаќир Реџепи.

Демири во минатото го носеше дресот на младинската репрезентација на Македонија, меѓутоа откако не добиваше повици од сениорите, се реши да ја прифати понудата за Албанија. Сега е дел од албанската селекција за која нема официјален настап, иако доби повици за неколку натпревари.

„Имавме неколку понуди, но мислам дека оваа е вистинската за Демири. Од тука многу играчи се продале во силните првенства“, изјави неговиот менаџер Реџепи.

Демири до сега играше за украински Мариопол, а во минатото беше дел од македонските клубови Шкендија, Вардар и Шкупи.