Connect with us

Фудбал

Поранешен премиерлигаш го сруши трансфер рекордот во Јапонија

Поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Евертон, Галатасарај и ЦСКА Москва Бразилецот Жо го напушти Коринтијанс и се пресели во Јапонија во редовите на Нагоја Грампус.

Според јапонските медиуми трансферот изнесува нешто повеќе од 11 милиони евра што е најголемиот трансфер во историјата на јапонската лига. Претходно рекордот го држеше Хироши Лиотаке ккој пред година дена од Севиља мина во редвоите на Осака. Во Јапонија веќе од летото игра и Лукас Подолски кој беше купен од Келн за 2,5 милиони евра.