Тајмаут
Поранешна претседателка на Хрватска во живо го следеше мечот ПСЖ-Баерн Минхен, но со маичката предизвика вистински хаос (ВИДЕО)
Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ се пофали дека имала можност во живо да го следи првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн Минхен.
Колинда гордо позираше на “Паркот на Принцовите“ во маичка која предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
„Јас сум кралица на „паркот на принцот“, и ме боли мочалото“ вака би бил буквалниот превод на текстот кој беше испишан на маичката.
Да потсетиме, Колинда пред четири години привлече огромно внимание на светските медиуми на Мундијалот во Русија, каде жестоко навиваше за Хрватска. Поранешната претседателка на Хрватска го сака спортот, редовно ги следи хрватските клубови и репрезентации, како и други важни спортски настани.