Тајмаут
Поранешната сопруга на најголемиот украински предавник: „Нашите деца ги убиваат затоа што им го лижеш га*от секој ден“
Поранешниот репрезентативец на Украина, Анатолиј Тимошук со право важи за еден од најголемите предавници во својата земја.
Тој се заколна на верност до смрт, прочитај тука.
Тимошчук има 144 настапи и со тоа е рекордер во дресот на Украина, но поранешниот играч од средниот ред на Баерн очигледно нема претерани емоции или чувства кон својата земја.
По руската инвазија на Украина, Тимошчук остана во Русија каде работеше како помошник тренер на големиот тамошен Зенит. Додека повеќето Украинци ја напуштија Русија со почетокот на војната, Тимошчук остана безбеден.
Не се ни огласи, игнорира се што се случува, па Фудбалскиот сојуз на Украина излезе со соопштение во кое наведува дека е избришан од историјата на оваа репрезентација и нејзиниот фудбал.
Ќе му бидат одземени тренерската лиценца и сите државни награди, признанија и титули кои ги освои. Буквално, Украинците ќе го „избришат“, а сега жестоко е повикан од поранешната сопруга Надежда Навротскаја.
„Видете, ова се сите наши украински деца, исто како вашите деца. И секој ден ги убиваат луѓе што сега им ги лижете га*овите. Заедно со нив убивате украински деца. Буквално го правите тоа секој ден кога јадете во ресторани во Русија, плаќате попови и ку*ви, кога купувате облека и точите гориво. Секој ден плаќате даноци и со тие пари купуваат ракети кои ги убиваат нашите деца“, рече револтирана Надежда.
„Бескрајно ги лажевте сите околу вас. Избравте да уживате во страдањата на сопствените деца. Дали навистина мислите дека тоа е фер? На крајот на краиштата, можете да одите и да работите каде било во светот. Зошто денес плаќате за да ги убивате нашите деца? Еднаш ми рече дека сум вештерка, но сакам, како и секоја мајка од Украина, ти и луѓето како тебе да сонувате за убиени деца секогаш кога ќе заспиете“.
Бракот на Тимошчук со поранешната сопруга траеше од 2000 до 2016 година, а во 2010 година добија две ќерки. Навротскаја неодамна живееше со нив во Германија, а не се знае дали се уште се таму.
Во својата богата играчка кариера настапуваше за Шахтјор, Зенит, Баерн и Каират. Најголем белег остави во Баерн со кој ја освои Лигата на шампионите и три титули во Бундеслигата. Со Зенит двапати беше шампион на Русија, а со Шахтјор три пати шампион на Украина.
Зад себе има импресивна кариера, ги положи сите испити, освен еден, можеби најважниот испит – оној кој одлучува дали некој е маж или не.