Фудбал
Поранешната ѕвезда на Сити удри по Гвардиола: Многу лаже!
Кансело отворено зборуваше за своето искуство во Манчестер Сити, обвинувајќи го менаџерот Пеп Гвардиола дека шири лаги за него и инсистираше на тоа дека тој не бил фер третиран во клубот.
-Гвардиола лажеше за мене. Никогаш не сум бил лош соиграч. Прашајте ги Аке и Рик Луис. Немам комплекс на инфериорност. Тоа е само мислење на тренерот. Манчестер Сити не беше фер кон мене. Бев важен играч таму неколку години, секогаш давав максимум на теренот и бев лојален на клубот и навивачите, изјави Жоао Кансело.
Тој додаде дека никогаш не лаже, а Гвардиола е помоќен и дека луѓето се сеќаваат само на неговите изјави.
-Еднаш ме ограбија, но ги оставив сопругата и децата сами и исплашени дома. Луѓето ја паметат изјавата на Гвардиола само затоа што тој има поголема моќ од мене. Но, јас никогаш не лажам, вели тој.