Тајмаут
Поранешниот фудбалер на Астон Вила Гери Шо е во тешка состојба откако паднал и си ја повредил главата
Поранешниот фудбалер на Астон Вила, Гери Шо е во тешка состојба откако паднал и ја повредил главата, јави денеска Би-Би-Си.
63-годишниот фудбалер ја освои титулата во Премиер лигата во 1981 година и Европскиот куп во 1982 година со Астон Вила.
Шо во текот на неговата кариера играше и за Блекпул Волсал, Килмарнок и Шрусбери.
По завршувањето на играчката кариера работел како статистички аналитичар.