Connect with us

Фудбал

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед спаси белгиски клуб од банкрот

Поранешниот белгиски репрезентативец Маруан Фелаини уште еднаш ја докажа важноста на поддршката на луѓето за време на пандемијата од коронавирус.

Играчот од средниот ред се избори со смртоносната зараза пред 2 недели, а сега спаси и еден од неговите поранешни клубови Стандард Лиеж, кој беше во опасност од банкрот.

Триесет и две-годишниот играч од средниот ред донираше 3 милиони евра од џебот и му помогна да преживее финансиски.

Стандард е првиот негов професионален клуб. Таму играше помеѓу 2006 и 2008 година. Потоа настапуваше за Евертон и Манчестер Јунајтед пред да премине во кинески Шандон Луненг.