Фудбал
Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити се пресели на Ибица
Ибица официјално го објави трансферот на поранешниот шпански репрезентативец Нолито, кој беше ослободен од неговиот тим – Селта Виго. 35-годишниот офанзивец играше и за Барселона, Манчестер Сити, Бенфика, Гранада и Севиља.
Нолито одигра 30 натпревари за „граѓаните“ во сите натпреварувања и постигна 6 гола. Тој има 243 настапи во Ла Лига, постигна 60 голови и 37 асистенции.
💙 𝗕𝗹𝘂𝗲 𝗶𝘀 𝘀𝘁𝗶𝗹𝗹 𝗵𝗶𝘀 𝗰𝗼𝗹𝗼𝘂𝗿.#VamosIbiza 💙 #IbizaIsHome pic.twitter.com/z54Vopvmmd
— UD Ibiza | 🇬🇧🇺🇸 (@ibizaud_en) September 6, 2022
Ибица го потпиша Нолито како слободен играч и неговиот договор со тимот од Ла Лига 2 ќе биде на две години.