Connect with us

Фудбал

Поранешниот главен скаут на Јунајтед: Има многу некомпетентни луѓе во клубот

Поранешниот шеф на скаутскиот оддел за млади таленти на Манчестер Јунајтед, Дерек Ленгли оцени дека во клубот има многу некомпетентни луѓе, посочувајќи примери кои се играчи се наѓле на неговиот список и им биле предложени на различни тренери и менаџери, но потоа биле одбиени.

– Еден од играчите, од кои Манчестер Јунајтед се откажа, е централниот дефанзивец Матијас де Лихт. Само еден Господ знае колку извештаи сме доставиле за него. Франк де Јонг, како и други играчи во моментов популарни во цела Европа, јас и луѓето од мојот тим исто така им ги претставивме, но тие не беа земени поради една или друга причина. Таков е и Дајот Упамекано, кој сега игра за Ред Бул Лајпциг, изјави Дерек Ленгли.

Тој додаде дека имало многу причини играчите да не се привлечени, од кои една е премногу бавното одлучување и преголемата администрација во хиерархијата, за да се стигне до позитивно решение.

– Една од причините за средбата со потпретседателот на клубот Ед Вудворд беше да му објаснам дека не сум убеден во компетентноста на некои луѓе во структурата на клубот. Ако вие мислите дека ќе седам и ќе зборувам она што сакаат да го слушнат сопствениците, тогаш побарајте си некој друг за тоа. Јас ќе ви кажам како стојат работите во Јунајтед на крајот. Можеби тоа е причината поради која бев отпуштен. Кога ме испраќаа, Манчестер Јунајтед ми се заблагодари за работата што сум ја завршил и за играчите кои сум ги довел. Но, екипата можеше да биде многу подобра, ако ме послушаа и земаа одредени играчи уште како млади и за доста скромни суми, заврши Ленгли.

МИА