Connect with us

Други спортови

Поранешниот голман на Челзи беше тешко нокаутиран во КСВ, и се здоби со тешка повреда (ВИДЕО)

Поранешниот голман на лондонски Челзи, Рикардо Прасел (33), кој во последните години гради ММА кариера, по подолга пауза се врати во октагонот и настапи на синоќешниот настан KSW 94 во Гдањск, Полска. Прасел се пресмета со Словакот Стефан Војчак, што му беше прва борба по двегодишна пауза, а заврши лошо за поранешниот член на двократниот европски шампион во фудбал.

Имено, Прасел беше лошо нокаутиран во текот на втората рунда, кога Војчак силно го затресе со разорен аперкат и го испрати на подот. Судијата веднаш го прекина мечот, а Прасел долго време не можеше ниту да стане од подот на октагонот, додека лекарите му пружија помош бидејќи пред нокаутот при пад се здоби и со тешка повреда на рамото. Ова е петти пораз за Прасел во неговата кариера од 13 победи, а претходно имаше удар во шампионскиот појас во тешка категорија во КСВ во 2022 година, кога беше поразен од доминантниот шампион Фил Де Фрис. За време на неговата кратка фудбалска кариера, Прасел беше трет голман на Челзи зад Петр Чех и Хенрике Иларио. Се очекуваше чекор по чекор да го преземе статусот првотимец, но повредите го оддалечија од фудбалските терени.

Advertisement