Connect with us

Тајмаут

Поранешниот капитен на Реал Мадрид и селектор на Шпанија во врска со атрактивна хрватска новинарска (ФОТО)

Некогаш беше еден од најдобрите дефанзивци во светот и човек кој со капитенската лента ги предводеше Реал Мадрид и шпанската репрезентација.

Поминаа три месеци откако некои шпански медиуми објавија фотографии од Фернандо Иеро во друштво на мистериозна девојка во еден од елитните делови на Мадрид.

Поранешниот селектор на шпанската репрезентација јавно не ја искажуваше наклонетоста кон својата девојка, но беше јасно дека се во интимна врска.

Медиумите кои ја објавија веста направија истрага и открија дека се работи за хрватската новинарка Фани Стипковиќ.

39-годишната девојка е родена во Хрватска, но долги години живее и работи во Шпанија, каде ја изгради својата новинарска кариера.

Фани Стипковиќ е многу популарна на социјалните мрежи каде ја следат околу два милиони луѓе.

Стипковиќ и Иеро решија да бидат резервирани и дискретни, не објавуваат заеднички фотографии, но не се двоумат да уживаат во нивната врска во најубавите ресторани во Мадрид.

Тие неодамна беа снимени како заедно го гледаат финалниот тениски меч на Дејвис купот што се играше во Мадрид меѓу Хрватска и Русија.

Facebook