Connect with us

Фудбал

Поранешниот претседател на Барса: Сигурен сум дека Мбапе веќе потпишал со Реал

Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Гаспар ја коментираше иднината на суперѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе. Гаспар даде прилично гласна изјава, велејќи дека е сигурен дека Французинот веќе потпишал со големиот непријател на „каталонците“ – Реал Мадрид.

„Ќе ви кажам ексклузивна вест. Килијан (Мбапе) веќе го потпиша договорот со Реал Мадрид, сигурен сум. Го познавам Флорентино многу добро и сигурен сум дека токму тоа се случи“, изјави поранешниот претседател на Барселона за Marca.

23-годишниот Мбапе долго време се поврзуваше со трансфер во Реал. Минатото лето Лос Бланкос испратија две понуди за Французинот, кои беа одбиени од Парижаните. Договорот на светскиот шампион со ПСЖ е само до крајот на сезоната и се тврди дека како слободен играч ќе се пресели на Сантијаго Бернабеу. Пред неколку дена дури имаше информации дека напаѓачот веќе ги договорил сите детали околу неговата преселба во шпанската престолнина со тимот на Карло Анчелоти.