Фудбал
Поранешниот селектор на Аргентина е нов тренер на Севиља
Севиља денеска, како што најави вчера, го претстави својот нов тренер Хорхе Сампаоли.
Последниот ангажман Аргентинецот го имаше во Марсеј, со кој минатата сезона одлично се снајде, но го напушти клубот поради несогласувања со раководството на клубот.
Севиља потврди дека Сампаоли е нов тренер на нивниот клуб, и дека се враќа во клубот каде веќе имал можност да работи.
„Можеме да потврдиме дека Хорхе Сампаоли е новиот тренер на нашиот тим. Ова е негов втор престој во нашиот тим, а договорот е потпишан до јуни 2024 година“, стои во соопштението на Севиља.
Сампаоли денеска и официјално ќе биде претставен пред медиумите на прес-конференцијата што ќе се одржи на стадионот Рамон Санчез-Пизхуан.
Како што веќе споменавме, овој тренер имаше можност да работи во Севиља во сезоната 2016/2017 и постигна неверојатни резултати.
Тогаш Севиља играше прекрасен фудбал, а заврши на четвртото место со 72 бода и избори пласман во Лигата на шампионите.
Ја поминаа и групната фаза во Лигата на шампионите, но беа запрени во осминафиналето од тогаш многу добриот Лестер.
После тоа реши да ја преземе репрезентацијата на Аргентина, со која исто така беше елиминиран во осминафиналето од Франција на Мундијалот.
Последните две сезони работеше како тренер на Марсеј со кој се избори за Лигата на шампионите, а минатата сезона играше и во полуфиналето на Конференциската лига.