Фудбал
Поранешниот селектор на Македонија и тренер на Вардар, на клупата на Олимпијакос
Чедомир Јаневски и официјално е нов тренер на фудбалскиот клуб Олимпијакос Никозија. Кипарскиот тим ја потврди информацијата на својата интернет страница и соопшти дека договорот е до крајот на оваа сезона.
Ова е трет тим кој ќе го предводи како тренер во Кипар, по Едникос Ахна и Енозис. Во својата кариера бил тренер на многу екипи, меѓу кои Клуб Бриж и Монс-Белгија, Црвена Звезда, Вардар, а беше и селектор на Македонија.