Connect with us

Тајмаут

Поранешниот светски првак живее со две девојки, ем манекенка, ем пејачка (ФОТО)

Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија, Дејвид Хеј (42) не крие дека ужива во врска со две убавици истовремено.

Хеј ги помина новогодишните празници во Мароко со пејачката Уна Хил (41) и манекенката Сијан Озборн (30).

Познатиот боксер веќе подолго време е во врска со атрактивна манекенка, а англиските медиуми пренесуваат дека неодамна им се придружил и популарна пејачка.

-Среќна Нова Година и нека 2023 биде се на што се надевавте. Ако една слика кажува илјада зборови, тогаш оваа го кажува токму она што треба“, напиша задоволниот боксер.

Тој додаде дека годината ја започнал опкружен со разбирање, убави луѓе кои не го осудуваат туку го прифаќаат таков каков што е.

„Отсекогаш сум сакал да го посетам Маракеш. Сакав еден ден да пишувам за мојата авантура во Мароко“, додаде Хеј.