Фудбал
Пораз на фудбалот во Париз: Ричарлисон прослави гол, а туниските навивачи фрлаа банани по него
Бразил синоќа во Париз во пријателски натпревар го победи Тунис со убедливи 5:1.
Кариоките со полна пареа се подготвува за Светското првенство кое кон крајот на ноември почнува во Катар, а јасно е дека Бразил ќе биде еден од главните фаворити за освојување на титулата светски првак.
Бразилците синоќа на Паркот на принцовите во Париз го победија Тунис со 5:1, а се истакнаа Рафиња и Ричарлисон кои се најзаслужните за победата на Бразил.
Рафиња постигна два гола и имаше една асистенција, додека Ричарлисон постигна гол и додаде една асистенција. Покрај нив голови за Бразил постигнаа и Нејмар и Педро.
Сепак, детаљот кој го одбележа синоќешниот меч во Париз се случи кога Ричарлисон во 19. минута ја затресе мрежата на Тунис за 2:1, но немаше поим каков скандал ќе се случи додека го прославува голот.
Имено, за време на прославата на Ричарлисон, некои навивачи на Тунис фрлаа банани, што го згрози фудбалскиот свет.
На почетокот се чинеше дека играчите на Бразил ги гаѓаат со хартии, но кога Ричарлисон се врати на трибината беше јасно дека веднаш до него падна банана, што е навистина тажно да се гледа.
Овој потег на туниските навивачи го згрози фудбалскиот свет, а работите да бидат уште полоши, токму пред почетокот на натпреварот фудбалерите на Бразил позираа со порака против расизмот.
„Без фудбалерите со темна кожа, немаше да имаме ѕвезди во дресот“, гласеше пораката, но само 20 минути подоцна, еден човек од трибините за жал сето тоа го фрли во втор план.
Lamentavelmente, após a ação, uma banana foi atirada no gramado em direção a Richarlison, autor do segundo gol brasileiro. A CBF reforça o sua posição de combate ao racismo e repudia qualquer manifestação preconceituosa. https://t.co/H9qpRCpyab
— CBF Futebol (@CBF_Futebol) September 27, 2022
Ричарлисон доби многу пораки за поддршка по се што се случи, а коментираше и Тиаго Силва.
„Тажно е што некој фрли банана кон Ричарлисон. Тоа не е фудбал. Фудбалот е кога го поддржуваш својот тим и го почитуваш противникот. На теренот секој го дава својот максимум за својата репрезентација и вакви работи воопшто не се добри за фудбалот“, изјави Силва по натпреварот.
Француските медиуми објавија дека туниски навивач ја фрлил бананата, но и дека истрагата се уште е во тек и дека сигурно ќе биде казнет кога ќе се открие неговиот идентитет.