Поврзи се со нас

Фудбал

Поразот од Ерменија ја остави Македонија во Лига Ц

Во последниот натпревар од групната фаза од Лигата на нации Ерменија ја совлада нашата репрезентација со минимални 1:0.

Мрежите мируваа во првото полувреме, се играше претпазливо и на дветестрани, се чекаше грешка на противникот, но и покрај тоа што имаше по некоја шанса на двете страни резултатот остана непроменет.

Иако во текот на целиот натпревар поседот на топката беше на страната на Македонија, сепак пресудниот момент со случи во 55. минута од натпреварот кога Хамбарџумиан ја сатресе мрежата на Шишковски и му донесе минимална победа на репрезентацијата на Ерменија.

Мораме да напоменеме и дека нашата репрезентација играше значително ослабена. На теренот ги немаше Пандев, Елмас, Барди …

Овој пораз ја остави Македонија на второто место на табелата што значи дека во следната сезона од Лигата на нации Македонија повторно ке игра во лига Ц

loading...

Facebook