Connect with us

Тајмаут

Порно актерка со експлицитни детали на социјалните мрежи за НБА ѕвездата, пораките ја шокираа јавноста (ФОТО)

Зион Вилијамсон е надвор од терените со месеци поради повреда, но очигледно е исклучително активен во приватниот живот, што за негова несреќа му донесе големи проблеми и драма во животот. Имено, тој и неговата девојка Акима (30) приредија голема забава на која објавија дека чекаат ќеркичка во ноември, а потоа настана прилично голем хаос на социјалните мрежи.

Причината е актерката од филмови за возрасни Мореј Милс. Таа била шокирана бидејќи од минатата недела, според сопственото признание, била во кревет со Вилијамсон, која се сомнева дека е можно и таа да е бремена.

„Подобро молете се да не забременам затоа што ми доцни циклусот. Минатата недела бев со вас во Њу Орлеанс и не можеше да ми кажеш дека чекаш дете со друга и тоа откако направив се за тебе“, напиша таа во серија твитови, а потоа продолжи:

„Толку пати дозволив да спиеме без кондом, а ти вака ми возвраќаш, објави на Твитер.

Објавила и пораки во кои Зион ја поканува во Њу Орлеанс за официјално да ја претстави како своја девојка, а неколку дена подоцна во прегратките на друга објавил дека станува татко. Милс одлучила да не молчи и решила да ги пушти сите свои „валкани алишта“ во јавност.