Фудбал
Порто го совлада Клуб Бриж на гостувањето, Интер со победа на Плзен обезбеди пласман во нокаут фазата
Во 18:45 се одиграа два натпревари од 5. коло од Лигата на шампионите. Порто беше подобар на гостувањето ка Клуб Бриж и издвојува убедлива победа од 4:0, додека Интер на домашен терен со истиот резултат го солвада Плзен и обезбеди пласман во нокаут фазата.
Порто го отвори резултатот во 33. минута од натпреварот. Тареми ја искористи одличната асистенција на Отавио и му донесе водство на Порто од 0:1. Овој беше и единствениот гол кој беше постигнат во првото полувреме.
Ланг имаше одлична шанса во 51. минута од натпреварот да го изевначи резултатот од пенал и да ги донесе работите на почеток за Клуб Бриж, но сепак резултатот остана непроменет.
потоа следувашње голеада на Порто. Прво Еванилсон го зголеми водството на 0:2 во 57. минута, а веќе во 60. минута од натпреварот Еустакио зголемува на 3:0. Точка на натпревфарот стави Тареми со својот втор гол во 70. минута од натпревсарот.
Интер одигра одлична партија и го совлада Плзен со 4:0.
Резултатот го отвори Мхтаријан со гол во 35. минута од натпреварот, а во 42. минута Един Џеко зголемува на 2:0. Со овој резултат екипите заминаа на пауза.
Денеска разиграниот Един Џеко ја затресе мрежата на Плзен и во 66. минутас од натпреварот за водство на интер од 3:0.
Точка на овој натпревар сатави Лукаку со голот за 4:0 во 87. минута од натпреварот.