Ракомет
Португалија во драматичен натпревар загуби од Шведска
Во последното коло од втората фаза на Светското првенство, ракометната репрезентација на Шведска ја победи Португалија со 32:30 и со тоа ја втурна Унгарија во четвртфиналето. На Португалците им беше доволно и ремито против Швеѓаните, но не успеаја да го добијат, иако овој меч беше само формалност за Швеѓаните, бидејќи веќе го обезбедија првото место во групата.
Португалија одигра многу добро прво полувреме и на одмор замина со предност од 14:13, но во средината на вториот дел Шведска се одвои на дури шест разлика. Со серија 7:2 на пет минути пред крајот на натпреварот, Португалија заостануваше на само еден гол (27:26), но потоа целосно потфрли во самата завршница.
Унгарија со тоа стана седмиот четвртфиналист на Светското првенство. Пред нив место меѓу осумте најдобри обезбедија Франција, Шпанија, Шведска, Норвешка, Германија и Египет. Последниот четвртфиналист ќе биде или Данска или Хрватска, но на Хрватска и треба големо чудо за четвртфиналето.