Фудбал
Португалците добиваат голем помош во борбата против „Ковид19“: Мендес започна сè, Роналдо веднаш се вклучи
Португалскиот ѕвезда, Кристијано Роналдо ќе го следи примерот на неговиот агент Хорхе Мендес, кој започна со набавка на медицинска опрема за болниците во Португалија да ги имаат неопходните средства за работа.
Европа со недели се бори против пандемијата „Ковид-19“ и познатиот фудбалски агент започна со добротворна кампања за собирање средства за португалските болници. Тој досега купил 200.000 индивидуални заштитни комплети. Исто така сака да купи и 50.000 маски …
Според мадридскиот весник „АС“, Мендес ја објаснил својата иницијатива на неколку фудбалери, вклучувајќи го и Роналдо, па тие заедно со него ќе донираат средства во болниците, за да ја направат битката со коронавирусот што е можно полесна.
Портпаролот на Гестифут Мануела Брандао, компанија со која управува Мендес, ја истакна иницијативата на социјалните медиуми:
„И покрај здраствената состојба што ја зафаќа нашата земја, Хорхе Мендес и Гестифуте се посветени на придонесот во зајакнувањето на ресурсите што ќе им служат на болнички установи во борбата против вирусот„ Ковид-19 “. Во овој поглед, Хорхе Мендес набави (со испорака планирана за првата недела од април) три вентилатор, кој ќе бидат во две болници на северот на земјата“.
Роналдо во моментов е во родната Мадеира, каде допатувал на почетокот на март, кога неговата мајка завршила во болница по мозочен удар. Португалецот веќе некое време е во карантин и веќе некое време не е во Торино, со други играчи, освен Игуаин, Кедира, Коста и Пјаниќ, кои исто така заминаа во своите земји.