Фудбал
Постигна гол против Арсенал синоќа директно од корнер, а денеска потпишува за „Топџиите“
Арсенал не беше многу активен во однос на трансферите ова лето, но се чини дека „Топџиите“ би можеле да приредат големо изненадување денес.
Арсенал го заврши најголемиот дел од работата пред почетокот на сезоната кога донесе неколку засилувања и се чинеше дека завршија со градењето на нивниот тим.
Дека Микел Артета создаде многу добар тим се гледа на почетокот на сезоната бидејќи Арсенал е единствениот клуб кој има максимален учинок по пет одиграни кола во англиската Премиер лига.
Сепак, англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал подготвил големо изненадување за самиот крај на летниот преоден рок.
Очигледно „топчиите“ до крајот на денот ќе се обидат да го доведат Даглас Луиз кој сака да ја напушти Астон Вила.
Овој 24-годишен Бразилец веќе договорил се со Арсенал, па останува клубовите да се договорат за обештетувањето. Астон Вила не е премногу заинтересирана за продажба, но Луиз јасно стави до знаење дека сака да замине.
🚨🤝 Agreement reached between #Arsenal and Douglas #Luiz on personal terms. ✅ #AFC
🗣️ Ongoing talks with #AstonVilla: the feelings are positive. 🐓⚽ @TheTransferEx #AVFC #Transfers #DeadlineDay pic.twitter.com/7HLVdsBnwC
— Rudy Galetti (@RudyGaletti) September 1, 2022
Интересно, на Емирати синоќа играа Арсенал и Астон Вила, а „Топџиите“ победија со 2:1. Луиз влезе од клупата и само половина минута подоцна постигна гол директно од корнер и покажа за каков мајстор станува збор.
What a goal from pemain aston Villa, DOUGLAS LUIZ, dari view tribun penonton, goal dari tendangan corner langsung yg sempat mengejutkan Arsenal 🤯#ARSAVL pic.twitter.com/6gBNK4z8xy
— Cakwe Anbu 👺🌵 (@YareY4r3Daze) August 31, 2022
Од Арсенал се уверени дека до полноќ ќе успеат да го комплетираат трансферот на овој дефанзивен играч за врска, а Астон Вила на крајот ќе попушти со оглед на тоа што Бразилецот конкретно сака да оди на Емирати.
Arsenal are prepared to reach an agreement with Douglas Luiz on personal terms. Douglas keen on the move, work in progress. 🚨⚪️🔴 #AFC #DeadlineDay
Negotiations still ongoing between the clubs, not an easy one.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 1, 2022
Тој е под договор со Астон Вила уште една година и ова е последна шанса за овој клуб да заработи од неговата продажба и да го избегне сценариото тој да си замине без обештетување на крајот од сезоната.