Фудбал
Постигнат е договор: Наинголан во Интер, за Рома 29 милиони и младата ѕвезда
Како што објавија неколку медиуми во Италија, Раџа Наинголан дефинитивно е новиот фудбалер на Интер.
Фудбалерот кој беше отпишан од белгискиот селектор, Роберто Мартинез, дефинитивно преминува во редовите на Инетр. Како што пишува „Tuttosportu“ преговорите помеѓу Интер и Рома се финализирани и договорот ќе биде склучен најкасно до 1. Јули.
Рома за обесштетување ќе добие 29 милиони евра, но и талентираниот фудбалер Николе Заниол. Се работи за 19-годишен играч кој со Интер го освои Скудетото во Примавера. Оваа сезона во 34 натпревари за младиот тима на Интер постигна 14 голови и 10 асистенции.
Наинголан со нетрпение чека да премине во тимот кој конечно се избори за настап во Лигата на Шампионите, и кај бившиот тренер Лучијано Спалети, а во Интер ќе заработува по 4,5 милиони евра по сезона.