Connect with us

Фудбал

Потегот на Халанд за време на интонацијата на песната од Лигата на шампионите ги воодушеви сите (ВИДЕО)

Published

on

Фудбалерите на Борусија Дормтунд беа поразени синоќа на гостувањето против Манчестер Сити (2:1) во четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите.

Дортмунд сепак има добар резултат за полуфинале и синоќа покажаа дека навистина можат да го изненадат тимот на Сити.

После мечот, во центарот на вниманието беше Ерлинг Халанд, кој на полувремето даде автограм на еден од помошните судии.

Но, тоа не беше сè, бидејќи уште пред почетокот на мечот ја отпеа песната од Лигата на шампионите, која ги воодушеви сите. Многумина рекоа дека Халанд покажа колку го сака овој натпревар затоа што ја отпеа песната како да е химна на неговата земја.

Моментот кога Халанд пее песна од Лигата на шампионите.

 

Facebook