Фудбал
Потпиша за Црвена Звезда, а на Европско ќе игра против Македонија
Александар Драговиќ е нов стопер на тимот на Црвена Звезда.
Белградска Црвена Звезда договори големо засилување од германската Бундеслига. Фудбалерот на промоцијата во Белград изјави дека е навивач клубот од детските денови и тоа најмногу поради неговиот дедо.
„Љубовта кон клубот се роди благодарение на мојот дедо“, рече Драговиќ. „Тој како мал ме носеше на ‘Маракана’, гледав дерби натпревари и така пораснав со тимот, во мојот дом постојано се споменува Црвена Звезда. Мојот дедо сега е најсреќен. Долго време знам за Звезда, последните четири години константно игра во Европа. Уште една исто така голема причина поради која потпишав е тренерот Дејан Станковиќ, кој исто така го продолжи договорот“, додаде 30-годишниот дефанзивец.
Во договор тежок 600.000 евра по сезона, Драговиќ ќе биде засилувањето за Црвена Звезда со кое овој клуб повторно ќе сака да обезбеди Европска зима, а зошто не и пролет.