Connect with us

Фудбал

„Потроши над 250 милиони на пазарот, позицијата на Лампард е загрозена“

Френк Лампард е во опасност во Челзи, признава Вилијам Галас, тежина на трансферните од 250 милиони дополнително го зголемуваат притисокот врз тренерот на „сините“, поради тоа што во последно време не бележат позитивни резултати. Тијаго Силва, Едуард Менди и Хаким Зиех, Тимо Вернер и Каи Хаверц се новите засилувањња за кои Лампард потроши толку многу пари. Челзи се избори за стабилност со новиот „изглед“. Галас не е изненаден од ова, со тоа што поранешниот дефанзивец на „сините“ смета дека титулата во Премиер лигата не треба да се очекува во сезоната 2020-2021:

„Мислам дека позицијата на Лампард е загрозена. Тој сега не е во добра позиција, бидејќи не е рангиран во првите три од сегашниот поредок. Клубот потроши многу пари на пазарот, па управниот одбор сака да го види Челзи како ја освојува Премиер лигата. Мислев дека оваа сезона тие имаат голема шанса да ја освојат титулата, но во моментов сум сигурен дека одборот не е задоволен од резултатите, па сигурен сум дека Френк е во опасна позиција. Тој мора да се обиде и да заврши во првите три, или да ја освои Премиер лигата“.

„Кога трошите скоро 250 милиони на нови играчи, тоа значи дека сакате да ја освоите титулата. Затоа, во моментот кога позицијата на Челси не е добра, тренерот е доведен во прашање. Лампард и неговиот тим не играат добро против големите клубови. Притисокот е на тренерот и тој треба многу брзо да најде решение, бидејќи како што знаеме, кога сте на клупата на Челзи, може многу бргу да добиете отказ. Притисокот е врз него и Лампард треба да го најде вистинскиот систем“.

„Тие го купија Вернер за многу пари, па токму затоа Френк го активира на секој натпревар. Меѓутоа, ако играчот не го покажува вистинскиот квалитет, можеби нешто во тимот треба да се промени. Се надевам дека Френк ќе го најде решението што е можно побрзо затоа што е нов тренер, но сигурен сум дека ќе биде одличен во оваа улога во иднина. Тој е многу страствен и многу добро го познава фудбалот“, изјави Вилијам Галас.