Фудбал
Потврден случај на коронавирус во Интер
Tимот на Интер соопшти дека Данило Д’Aмбросио е заразен со коронавирус.
Како што се наведува Д’Aбросио добил позитивен резултат на тестирањата кои биле направени во понеделникот. Од клубот додаваат дека дефанзивецот е веќе во карантин во неговиот дом.
Ќе потсетиме, Д’Aмбросио го пропушти дуелот со Торино бидејќи почувствува симптоми слични на грип. Тој со екипата патуваше во Торино, но брзо се врати во Милано.
Во овој момент Интер е прв на табелата во Серија А со девет бодови повеќе од градскиот ривал Милан.
? | COMUNICATION
FC Internazionale Milano announce that @ddambrosio has tested positive for Covid-19 ?https://t.co/YENYN2paFG
— Inter (@Inter_en) March 16, 2021