Connect with us

Фудбал

Поволна ждрепка за фаворитите во ФА Купот

Четвртото коло од ФА Купот не ни донесе блокбастер помеѓу два големи клуба. Нискорангираните Кидерминстер, Хартлпул и Борем Вуд ќе треба да се соочат со далеку посолидни ривали.

Кембриџ Јунајтед на Димитар Митов ќе биде домаќин на Лутон Таун, додека Челзи ќе биде домаќин на Плимут Аргајл.

Победникот меѓу Манчестер Јунајтед и Астон Вила ќе биде домаќин на Мидлсброу, додека Тотенхем ќе се расправа со Брајтон во елитниот дуел од ФА Купот. Ливерпул и овојпат е домаќин, но сега во Кардиф Сити, додека освојувачот на трофејот – Лестер Сити ќе има задача да гостува кај победникот меѓу Нотингем Форест и Арсенал.

Манчестер Сити ќе биде домаќин на второлигашот Фулам на „Етихад“.

Целосната ждрепка за четвртото коло од ФА Купот можете да ја погледнете овде или во приложеното видео:

Кристал Палас – Хартлпул Јунајтед

Бурнемаут – Бореам Вуд

Хадерсфилд – Барнсли

Петербро Јунајтед – ДАЦ

Кембриџ Јунајтед – Лутон Таун

Саутемптон – Ковентри Сити

Челзи – Плимут Аргил

Евертон – Брентфорд

Кидерминстер Хариерс – Вест Хем

Man U / Астон Вила – Мидлсброу

Тотенхем Хотспур – Брајтон

Ливерпул – Кардиф Сити

Стоук Сити – Виган Атлетик

Нотингем Ф / Арсенал – Лестер Сити

Манчестер Сити – Фулам

Вулверхемптон – Норвич Сити