Поврзи се со нас

Кошарка

Повредата на Ентони Дејвис не е сериозна

Орландо, 10 октомври 2020 (МИА) – Sвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Дејвис, откри дека неговата повреда на петата не е сериозна и таа нема да го спречи да учествува на шестиот натпревар од серијата меѓу „езерџиите“ и Мајами Хит.

За време на петтиот натпревар синоќа, Еј Ди се струполи на паркетот и со кривење ја напушти играта, но потоа се врати и го заврши натпреварот.

– Ќе бидам добро за недела. Болката постепено исчезна во текот на натпреварот и сè се врати во нормала. Продолжив да се движам и се обидував да не стојам ни за момент за да можам да го задржам адреналинот на високо ниво. Ова ми овозможи да го завршам натпреварот, сподели Дејвис по поразот на Лејкерс на мечот бр.5.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама