Фудбал
Повредата на Левандовски е нешто што никогаш не му се случило во Германија
Баерн денес објави дека Роберт Левандовски ќе биде надвор од фудбалските терени еден месец, поради повреда на коленото што ја претрпе во игра против Челси во вторникот.
Оваа повреда на Левандовски е посебна затоа што ќе пропушти повеќе од два натпревари во низа за прв пат во неговата кариера од пристигнувањето во Германија.
Роберт Левандовски игра една од најдобрите сезони на сите времиња кога станува збор за голгетерски учинок, па оваа повреда ќе го забави некое време.
По првите мечеви од осмина финалето, Полјакот има 11 гола во Лигата на шампионите, а во Бундеслигата има постигнато 25 гола на 23 настапи оваа сезона.