Фудбал
Повредите му создаваат главоболка на Клоп пред дуелот со Звезда
Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп се наоѓа во проблеми пред натпреварите со Хедерсфилд во Премиер лигата и Црвена Звезда во Лигата на шампионите.
Откако претходно остана без Мохамед Салах и Садио Мане кои се повредиа, Клоп сега има нови со повредата на Наби Кеита.
Играчот кој летово стигна од Ред Бул Лајпциг се повреди во натпреварот на Гвинеја против Руанда во квалификациите за Африканскиот куп на нации. Во прашање е повреда на бутниот мускул, но засега не е познато колку е сериозна.
Докторите на Ливерпул сега во амбулантата имаат дури седум пациенти, а со оглед дека следниот натпревар е веќе во сабота, ќе мора да се потрудат барем еден или двајца да „оспособат“ за игра.
Наводно, ова би можеле да бидат колку-толку добри вести за Звезда која кон средината на наредниот месец гостува на Енфилд, но со оглед на тоа што Ливерпул има барем дваесеттина добри играчи, не мора да значи дека на Звезда ќе му биде полесно.