Фудбал
Познат „дрим тимот“ на Јувентус
Навивачите на Јувентус го составија „тимот од соништата“ со фудбалери кои низ историјата го носеле црно-белиот дрес.
Се гласаше преку официјалната веб страница на италијанскиот фудбалски гигант. Одбрана е формацијата 3-4-3, а во тимот немаше место за некои големи фудбалски имиња кои настапуваа за Јувентус во подалечно време.
Во идеалните 11, според гласовите на навивачите се најдоа: Буфон, Турам, Ширеа, Киелини, Пирло, Зидан, Недвед, Платини, Баџо, Дел Пјеро, Трезеге.