Connect with us

Фудбал

Познат фудбалер ја покажа повредата, поради овие конци веќе 400 дена не може да игра (ФОТО)

Францускиот фудбалер Преснел Кимпембе (28) на своите следбеници на Инстаграм им откри како изгледа лузната по големата операција на Ахиловата тетива што ја имаше во јануари 2024 година, откако се обиде пребрзо да се врати на теренот и ја обнови повредата по само четири натпревари.


Францускиот репрезентативец најпрво имаше проблеми со задниот дел од стапалото есента 2022 година, но во февруари 2023 година одигра четири натпревари за ПСЖ и се надеваше дека наскоро ќе може да биде целосно фит… За жал, тоа не се случи.

Закрепнувањето не беше целосно, па Преснел Кимпембе мораше да паузира уште една. Тој сега е надвор од терените повеќе од 400 дена, а покрај комплетниот финиш од претходната сезона, искусниот дефанзивец ја пропушти и целата сезона 2023/24. Всушност, последен пат тој беше на теренот во дресот на парискиот тим на 26 февруари 2023 година, во победата над Олимпик од Марсеј, кога го напушти теренот по само 16 минути. Деновиве во Париз се слави новата титула најдобар француски тим, а Преснел Кимпембе беше дел од тимот кој доби награди за успехот во сезоната, иако не придонесе за новата шампионска титула. Јасно е зошто, Кимпембе има низа конци на петицата и вистинското прашање е кога воопшто ќе биде подготвен да се врати на фудбалските терени.