Connect with us

Тајмаут

Познат фудбалер ми понуди пари да легнам со него! Најубавата фудбалерка ја шокираше јавноста: Му реков само толку нудиш?!

Швајцарската фудбалерка Алиша Леман од Астон Вила не е ни блиску до тоа да биде меѓу најдобрите во овој спорт, но поради својот изглед и провокативните фотографии на социјалните мрежи е популарна како Хари Кејн, на пример. Со оглед на тоа што повеќе од 16 милиони луѓе ја следат на Инстаграм, таа изгледа знаеше како да заработи од нејзината популарност, што е одлична вест за неа бидејќи фудбалерките сè уште имаат многу помали договори од нивните колеги. Сепак, нејзината слобода на социјалните мрежи многумина погрешно ја протолкуваа, па таа редовно добива неморални понуди. Откако беше поканета да се приклучи на страницата “Only Fans” и да споделува разголени фотографии, Леман сега откри декафудбалер ја контактирал и понудил пари во замена за с*кс.

“Добив порака од некој кој е многу познат низ целиот свет. Се запознавме и претходно, но не лично. Бевме на истиот настан. Сакаше да ми понуди 100.000 швајцарски франци за една вечер”, рекла Алиша Леман, која открила дека тоа се случило додека била во ноќен клуб во Соединетите Американски Држави, но не открила за кого се работи, ниту кога точно се случило сето тоа, што кај некои поттикнало сомнеж дека ја кажува вистината.

„Нема шанси да го прифатам тоа. И како и да е: само 100.000 франци?“  „Не можам да го откријам неговото име. Можам само да кажам дека е многу познат низ целиот свет“.

Леман откри дека фудбалерот е „глупав“ и дека сè уште ја има неговата порака, а ќе видиме што ќе каже за тоа нејзиното поранешно момче Даглас Луиз, кој исто така игра за Астон Вила. Интересно е што Алиша Леман претходно експериментирала со врски, па пред споменатиот фудбалер била во врска и со фудбалерка.