Connect with us

Фудбал

Познат хрватски фудбалер 13 години чекаше правда и ја доби, поради докторите мораше да се повлече од фудбалот

Веројатно многумина се сеќаваат на Иван Класниќ. Хрватски фудбалер, кој голем дел од својата слава ја стекна играјќи за Вердер Бремен. Беше одличен напаѓач, но имаше здравствени проблеми, па поради тоа кариерата ја прекина многу рано.

Во 2005-та година тој замина на рутинска операција на слепото црево. Тогаш е утврдено дека еден од бубрезите не работи како што треба. Сепак, иако е така, поминувал на редовните прегледи кај лекарот Геце Динамски, интернистот Гухе и Херман Холцитер. Тие не го приметиле проблемот, па разврската морала преку суд. Во 2007-ма Класниќ ги тужел, па по 13 години конечно ја доби битката за правдата.

Судот донел одлука дека докторите можеле да го увидат проблемот уште 2002 година кога тој имал 22 години. Сега ќе мора да му платат оштеда од 4 милиони евра.

Два пати на Класниќ му е трансплатиран бубрег, првиот пат од неговата мајка, а вториот од неговиот татко. Првиот пат беше неуспешен, а вториот успешен, но сепак неколку месеци подоцна, мораше на трета трансплантација.

Се чини дека сега тоа е минато. Тој има нов бубрег и информациите од Хрватска говорат дека живее поквалитетен живот.

Мораше да ја завши кариерата на 33 години, иако претходно се мачеше со здравствените проблеми.