Фудбал
Познат новинар, специјалист за трансфери тврди: Барселона доби нов фудбалер, го враќа „детето“ дома
Според она што го тврди Фабрицио Романо, познат спортски новинар, кој важи за специјалист за трансфери, Ерик Гарсија е нов фудбалер на Барселона. Наводно Гарија во 2021 ќе биде играч на Каталонците. Барселона ќе се обиде во јануари да го донесе на позајмица до крајот на сезоната, а по завршувањето на истата, ќе дојде на „Камп Ноу“ како слободен играч.
Сепак, не се знае дали Манчестер Сити ќе прифати вакво нешто. Доколку не, тогаш сигурно по завршувањето на сезоната Ерик Гарсија ќе дојде за НУЛА евра.
Гарсија од 2017-та е во Сити, а овој млад фудбалер, кој има 19 години, потекнува од Барселона и игра на позицијата стопер.