Фудбал
Познат новиот клуб на Елмас?
Македонскиот интернационалец Елиф Елмас, кој во моментов го носи дресот на турски Фенербахче, ја завршува својата авантура во Турција и се сели во Шпанија, тврдат медиумите.
Елмас е многу блиску до трансфер во Атлетико Мадрид, а сумата за трансфер на македонскиот „дијамант“ се шпекулира дека е во висина од 14 милиони евра.
Според информациите кои ги објави ТРТ Спор, претставници на „јорганџиите“ веќе се во Истанбул и ги договараат последните детали од трансферот, па се очекува наскоро Елмас да го облече дресот на Атлетико.
За Елмас досега постоеше голем интерес и од Интер, а каде ќе ја продолжи својата фудбалска кариера ќе се знае наскоро.
Извор: Дриблинг